Има своја намена!
Според светските здравствени стандарди, внатрешниот дел од женските гаќи што е во директен контакт со најинтимниот дел од женското тело мора да биде покриен со мек, нежен и природен материјал.
Ова е исклучително важно, особено кога станува збор за синтетички модели на долна облека. Материјалот мора да биде зашиен во гаќите, но шевовите на две места може да ја иритираат интимната зона, така што тој не е прикачен за гаќите од едната страна.
Ова создава мал џеб кој, и покрај мислењето на многу мажи, не служи за носење некаков предмет. Неговата примарна функција е да го намали контактот со синтетички материјали кои го поттикнуваат развојот на бактерии и бактериски инфекции, а овозможува дишење на интимните делови и ги апсорбира сите телесни течности.