Многу едноставно до свежина во бањата
Колку повеќе се грижиме за хигиената на бањата, толку повеќе сакаме воздухот таму да биде свеж и миризлив.
Во бањата можете да имате природна арома од најубавите мириси со природни освежувачи.
Овој природен освежувач, без никаква хемија, е едноставен „трик“ и веруваме дека на многумина ќе им се допадне.
Мирисот ќе биде постојан, а се прави брзо и лесно.
Потребно е:
ролна или ролни тоалетна хартија
есенцијално масло (по ваш вкус)
Ништо повеќе!
Се што треба да направите е да капнете неколку капки од вашето омилено етерично масло во внатрешноста на ролната, на која е намотана хартијата. И тоа е тоа!
Едноставно, не може да биде поедноставно, а мирисот ќе биде присутен во просторијата додека не ја потрошите ролната хартија.