Проблем на многу жени: Еве како да ги отстраните дамките од пудра од облеката

popara21 август, 20211min0
Screenshot 2021-08-21 142727

Гардеробата повторно ќе биде чиста додека трепнете

Скоро на секоја жена и се случило да облече кошула или маица, а потоа да застане пред огледалото за да нанесе течна пудра на лицето, и пудрата да заврши на облеката.  

Дамките од пудра, особено течна, се упорни и многу тешко се отстрануваат, па после такви ситуации, овие парчиња облека обично завршуваат или во канта за ѓубре или како нешто што се носи исклучиво за дома.

Во секој случај, поради бојата и текстурата на пудрата, овој вид дамка е вистинска мака за отстранување од ткаенините, па затоа ретко исчезнува целосно дури и по неколку перења.

Но, постои лесен и едноставен начин за да се реши проблемот.

Се што ви треба е пена за бричење. Истиснете мала количина пена за бричење на дамката и добро истријте ја.

Оставете да отстои неколку минути, а потоа измијте ја облеката во машина или рачно. Дамката ќе исчезне по првото перење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma