Вечерва ќе биде идеална можност да ја поминете ноќта под отворено небо
Месечината ќе доминира и ќе ја затемни светлината на голем број sвезди со својата осветленост.
Месечината патува околу Земјата во елиптична орбита, и за тоа време се оддалечува и се доближува до неа.
Според астрономите, најоддалечената точка на оваа елипса се нарекува апогеј и во просек е оддалечена околу 405.500 километри од Земјата. Најблиската точка е перигејата, и се наоѓа во просек околу 363.300 километри од Земјата.
Секој месец, Месечината го достигнува својот апогеј и перигеја. Полна месечина може да се појави во која било точка долж елиптичната орбита, но кога се појавува полна месечина на перигеја или во близина, таа изгледа малку поголема и посветла од типичната полна месечина.
Потоа се нарекува во жаргон наречен „Супермесечина“ и е неколку проценти навидум поголема кога се гледа од Земјата. Астрономите генерално не го сакаат овој темрин.