Дефинитивно ќе биде хит на есента!
Познатиот моден магазин „InStyle“ новиот моден хит меѓу познатите жени го нарече „мумија мода“. Необичниот дизајн го иницираше модната куќа „Шанел“.
На црвените теписи, официјалните страници на Инстаграм, на промоции, модни ревии, но и на улица – се повеќе можеме да видиме бели или некои светли пастелни бои, блузи со чворови, но и завиткани појаси околу половината, градите или вратот што личат на завои на мумија
Прва што го прошета овој стајлинг беше Маргот Роби на премиерата на „The Suicide Squad“ кога прошета по црвениот тепих во преклопен, исечен комбинезон од колекцијата „Chanel Cruise 2021/2022“.
Ги видовме и популарните пејачки Дуа Липи и Рита Ора како слепо ги следат модните трендови, кои носеа кратки бели фустани со превои околу половината, иако Рита Ора носеше малку поекстравагантна верзија на фустанот.
Секако, пионерка во вакви дизајнирани парчиња беше Бела Хадид, која на почетокот на јули носеше интересен светло -жолт топ без ракави, но со појас завиткан околу градите, како и летен бел фустан со набори околу вратот и телото што остави ист „мумија“ впечаток.
Ќе видиме како овој моден тренд дополнително ќе се развива и дали ќе остане „балсамиран“ меѓу модните гуруа како калсик кој никогаш нема да застари, но додека продолжува проширувањето на овој моден израз, можете да си дозволите слични парчиња по екстремно ниски цени.