Човекот по име Спенсер Елден тврди дека тој е голото бебе фотографирано во базенот
Бебето од корицата на познатиот албум на Нирвана „Nevermind“ од 1991 година сега е возрасен човек кој одлучи да го тужи бендот за сексуална експлоатација.
Имено, маж по име Спенсер Елден тврди дека тој е голото бебе фотографирано во базен, па затоа одлучил да извлече пари од преостанатите живи членови на бендот и наследството на Курт Кобејн, 30 години по објавувањето на албумот.
Според тужбата, Елден тврди дека не можел да даде согласност неговата фотографија да се користи за корицата, бидејќи имал само четири месеци, и додава дека и неговите старатели не дале согласност.
Spencer Elden, who was famously photographed as a baby for Nirvana’s Nevermind album cover, is suing the band for child sexual exploitation. Just five years earlier, he recreated the photoshoot for the album’s 25th anniversary: https://t.co/YEbBXUCfs3 pic.twitter.com/yv9SCphqOi
— Consequence (@consequence) August 25, 2021
ТМЗ пишува дека Елден во тужбата наведува дека се работи за детска порнографија и тврди дека бендот ветил дека ќе ги покрие половите органи со налепница. Сепак, тој дел никогаш не бил вклучен на насловната страница на албумот.
Според судските документи, Елден тврди дека Курт, Дејв Грол и другите не успеале да го заштитат од сексуална експлоатација и дека фотографијата од неговото голо тело на насловната страна има последици.
Тој бара најмал надомест од 150.000 долари од секој член на Нирвана, но тие се уште не се огласиле.