Изненадете го вашето семејство со неверојатно вкусно уживање – торта со бисквити и фил од кисела павлака.
Подгответе торта од бел фил со бисквити која не се пече. Таа е толку едноставна што ќе ја правите во секоја прилика. Тортата е доста освежувачка бидејќи филот е од кисела павлака, а доколку сакате, можете да додадете и некое овошје.
Само измешајте ги состојките и почекајте да се излади и вкусното уживање е на вашата маса без многу напор. Ако преферирате чоколадни колачи, имаме совршен рецепт.
Состојки:
150 гр шеќер
1 лажичка ванилин шеќер
50 гр брашно
2 јајца
400 гр павлака
300 гр чоколадни бисквити
100 гр путер
1 лажичка ванилин шеќер
120 гр стопен путер
1 лажица млеко
Подготовка:
Измешајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер, брашното, јајцата и киселата павлака. Добро соединете ја смесата, па ставете да се вари со постојано мешање. Кога ќе зоврие, варете уште 1-2 минути и не престанувајте да мешате. Тргнете од оган, покријте со фолија за храна, потоа оставете да се излади, прво на собна температура, а потоа во фрижидер.
Смелете ги бисквитите во блендер, изматете го путерот со ванилиниот шеќер. Додадете го изладениот фил во изматениот путер и измешајте се добро со миксер.
Додадете го стопениот путер во мелените бисквити и соединете, а потоа додадете една лажица млеко. Одделете 5 лажици бисквити на страна. Остатокот истурете го во калап со дијаметар од 18 цм и убаво обложете го дното и малку од работ. Истурете го филот, а потоа покријте го врвот на тортата со бисквитите што сте ги одвоиле на страна. Може да украсите со што сакате по желба. Оставете во фрижидер неколку часа.
Пријатно!