Вистински штит: Научници од Мексико направија маски кои го неутрализираат корона вирусот

popara29 август, 20211min0
Screenshot 2021-08-29 142725

Научниците од Националниот автономен универзитет во Мексико направија маски против корона вирусот, што, всушност, го неутрализира вирусот САРС-КоВ-2, објавено е во четвртокот во официјалниот весник на универзитетот.

Имено, напредните маски против корона вирус се направени од слој сребро и бакар што го неутрализираат споменатиот сој на корона вирус.

За да ја тестираат ефективноста на нивниот пронајдок, мексиканските научници го применија кај пациенти позитивни на корона, земајќи капки од вирусот при нивно искашлување.

Маските беа наречени “SakCu” – “Sak” што на јазикот на Маите значи сребро, и “Cu” е хемискиот симбол на бакар.

Универзитетот изјави дека ако концентрацијата на вирусот е висока, тој исчезнува во 80 проценти од случаите за 8 часа, и ако концентрацијата на вирусот во телото е ниска, тогаш нема да се детектира ниеден РНК вирус во рок од два часа.

„Во контакт со нано-слојот на маската, направен од сребро и бакар, мембраната на вирусот САРС-КоВ-2 пука и РНК е оштетена“, пишува официјалниот весник на универзитетот, додавајќи дека иако маската е фрлена во контејнер, нема да биде токсична или контаминирана како обичните маски против корона вирус.

Новата маска, за разлика од обичните за еднократна употреба, може да се користи до десет пати, односно може да се измие и нејзиниот материјал нема да се оштети.

Во моментов, универзитетот нема да произведува маски за масовна употреба, бидејќи тие имаат капацитет за производство од 200 маски дневно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma