ЧОКОЛАДНА ТОРТА КОЈА ЌЕ ВЕ ОДУШЕВИ: Фантастичен рецепт кој мора да го пробате!

popara29 август, 20211min0
easy_chocolate_cake_31070_16x9

Ова чоколадно уживање нема да ви одземе многу време, и веднаш ќе го зграбите од масата.

Пробајте го овој фантастичен рецепт и уживајте со вашите сакани.

Состојки:

160 гр шеќер
90 гр какао во прав
300 гр брашно
1/2 лажица прашок за пециво
1/2 лажица сода бикарбона
150 мл масло
2 јајца
400 мл врела вода

За прелив:

200 мл слатка павлака
90 гр какао во прав
395 гр кондензирано млеко
рендани или чоколадни трошки

Подготовка:

Изматете ги јајцата, па додадете шеќер и масло. Кога ќе го споите, додадете какао, брашно и вода и продолжете да мешате. На крај додадете сода бикарбона и прашок за пециво и соединете со шпатула. Тавата премачкајте ја со путер и рабовите, па истурете ја смесата. Печете во загреана рерна на 200 ° C околу 25 минути.

Гответе ја слатката павлака, кондензирано млеко и какао додека не добиете убава густа смеса, мешајќи постојано. Прободете ја тортата со сламка, а потоа прелијте ја. Посипете со рендано чоколадо или чоколадни трошки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma