Често се случува да се каеме и жалиме за нешто во себе – без разлика дали се пропуштени можности или поради лоши сексуални искуства.
Резултатите од анкетата, во која беа опфатени повеќе од 25.000 луѓе, покажаа дека токму жените се покајуваат повеќе за впуштање во незадолжителни сексуални односи.
Мажите жалат што немале повеќе сексуални партнери во животот.
Линда Кисли, авторка на бројни публикации за ова прашање, зборуваше за можните причини за тоа.
- Најлесно е да одите во кревет со некого, но мора да разберете дека таквата случајна врска не одговара на секого. Некои многу се каат потоа – рече таа.
Сепак, експертите ве советуваат да не очајувате во тој случај, туку да го доживеете како ново искуство кое ви помогна да разберете дека сепак сте за во сериозна врска.