Се чини дека оскаровката го најде својот принц, а судејќи по фотографиите што го обиколија светот – таа е вљубена до уши. Актерката Рене Зелвегер (52) и водителот Ант Енстед (42) беа на фудбалски натпревар во округот Оринџ, а вниманието на медиумите и папараците го привлече однесувањето на вљубениот пар.
Имено, по играта, парот се прегрна страсно, си разменија бакнежи, а во еден момент Ант ја крена Рене и ја носеше во раце.
Колку се заљубени еден во друг покажува фактот што Ант ја сподели фотографијата на Инстаграм со Рене и стави во описот дека е „неверојатно магично“.
Да потсетиме, Ант Енстед е англиски телевизиски презентер, специјалист за мотори, дизајнер на автомобили, дизајнер и уметник, а тој и актерката се во врска од јуни, како што пишува „Пипл“.