Манекенката и актерка Софија Вергара (49), која важеше за секс симбол во 2000-тите, ја започна својата кариера со снимање реклами кои привлекоа големо внимание, а подоцна ја доби својата прва улога на англиски јазик во филмот „Chasing Papi“ во 2003 година.
Таа беше во брак со Џо Гонзалес, со кого го има синот Маноло, кого го роди на 16 септември 1992 година, пишува Глоси.
Маноло Гонзалес Вергара денес е актер и режисер кој ги сними филмовите „Waking Up“ (2017) и „Post-Mortem“.
Иако неговата мајка има нов сопруг, Џо Манџанело, денес, Маноло се уште одржува односи со својот татко, и често го споделува на својот профил на Инстаграм, но и неговиот татко е корисник на истата мрежа, па фотографиите на актерот се на ѕидот на профилот на Гонзалес.
Сепак, она што не може да се занемари е дека Маноло е многу атрактивен млад човек кој наследил таков раст од својата мајка, која и понатаму изгледа исто толку заводливо и волшебно како и порано.