Овој колач е направен од наједноставните состојки, и не ви треба многу време за да го подготвите.
Доколку сте љубители на јаболка, пробајте ја оваа едноставна бисквит торта со јаболка, и не пропуштајте ги волшебните топчиња со јаболка.
Состојки:
4 чаши јаболка (сецкани и излупени)
чаша масло
2 чаши шеќер
2 чаши брашно
2 јајца
1 ванилин шеќер или лажичка екстракт од ванила
лажичка или две цимет
лажичка сода бикарбона
прстофат сол
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа, додадете масло, промешајте, а потоа додадете брашно, сода, цимет и сол. Измешајте се во една смеса.
Додадете ги исецканите и излупени јаболки во смесата.
Истурете во тава обложена со хартија за печење, потоа печете на 180 степени 45 минути или додека не видите дека е готово, во зависност од вашата рерна.
Послужете го колачот со сладолед или посипете го со шеќер во прав.
Пријатно!