Овие вежби може да се изведат секаде и во секое време
Седечкиот и статичен живот е најчеста причина за заболувања на ‘рбетот. Ако во младоста малку сте се движеле, сте седеле пред ТВ и не сте ги активирале стомачните и грбните мускули, тоа значи дека во староста ќе се манифестира во форма на заболување на зглобовите, нарушување на држењето на телото, но и работата на внатрешни органи.
Најдобар лек за ‘рбетот е вежбањето. Не е лесно, но е ефикасно. Ви ги носиме најдобрите вежби за истегнување кои ќе им помогнат на сите што ги прават редовно:
Вежбајте за да го истегнете ‘рбетот во пределот на вратот и да ги зајакнете мускулите на горниот дел од грбот:
1. Застанете во правилна положба на држење на телото: грбот е исправен, стомакот е вовлечен, рамената се исправени, брадата е паралелна со подот, а стапалата се во ширина со рамената.
2. Опуштете ги сите мускули.
3. Подигнете ги рацете над главата така што ќе ги споите дланките, како покрив над главата.
4. Навалете ја главата напред.
5. Држете ги рацете над главата и вратете ја главата во првобитната положба.
6. Потоа навалете ја главата назад, држејќи ги рацете во истата положба над главата.
7. Вратете ја главата на средина, а потоа повторно надолу.
8. Направете ја оваа вежба полека и кога ја спуштате главата или ја навалувате, држете ја во таа положба 6 секунди.