Шест најопасни начини за губење килограми

popara21 јули, 20111min00
opasni dieti

Борбата против вишокот на килограми може да ве донесе до однесувања многу ризични за вашето здравје, дури и живот!

Понекогаш толку многу сакаме витка линија што сме подготвени да сториме се, па дури и да се обидеме и со најсомнителните начини на слабеење.

ГЛАДУВАЊЕ, ПОСТ И НИСКОКАЛОРИЧНА ДИЕТА

Сериозното намалување на внесување калории доведува до губење тежина, но и драгоцена мускулна маса и претставува ризик по здравјето. Ваквата исхрана го поттикнува зголемувањето на масти во телото што го зголемува ризикот од дијабетис. Затоа не земајте помалку од 1200 калории дневно.

СОМНИТЕЛНИ ДИЕТЕТСКИ ПРЕПАРАТИ

Ако мислите дека новата реклама за апчиња за слабеење звучи предобро за да биде вистинита, најверојатно сте во право. Апчињата, напивките и различните препарати за слабеење кои секојдневно ви се нудат можеби имаат некакво влијание на вашата тежина, но ризикот на кој ве изложуваат е многу поголем. Повеќето од овие препарати се брзо решение наполнето со кофеин и диуретици кои ќе ја исфрлат водата од вашиот организам. Тоа може да довде до дехидрирање на организмот и нарушување на рамнотежата на електролитите. Заборавете на препаратите и свртете се кон здравта исхрана и изгубете килограми на здрав начин.

СИТЕ ОБЛИЦИ НА ЧИСТЕЊЕ

Вашето тело е единствено и знае добро како да ги елиминира токсините, па затоа не ви се потребни третмани за чистење на организмот. Нивниот ефект на килограмите е краткотраен, но на здравјето може да биде долгорочен. Наместо тоа бидете свесни што јадете, пијте многу вода и внесувајте  намирници богати со влакна. Во чистење спаѓаат и повраќање на храната, џвакање  и злоупотреба на лаксативи. Овие нездрави и исклучително опасни начини на слабеење се прв чекор кон развивање на пореметување на исхраната.

ОПСЕСИВНО ВЕЖБАЊЕ

Претераното вежбање може да изгледа добро на телевизија, но во вистинскиот живот може да предизвика многу проблеми, ризик од повреди, дехидрација и неурамнотеженост кај електролитите. Исцрпувањето со вежбање остава последица на нашата психа бидејќи ги доживувате како казна поради јадењето.

ПУШЕЊЕ

Некои луѓе , особено  младите, го користат пушењето како дел од стратегијата да се ослободат од вишокот килограми и покрај многуте предупредувања за штетните последици. Никотинот го намалува апетитот, но истовремено му штети на секој орган во телото и предизвикува рак, кардиоваскуларни, респираторни и други болести и го зголемува ризикот од смрт.

ДРОГА

Употребата на лекови разни дроги за да изгубите на тежина е страшна грешка која има огромни последици на здравјето. Пореметувањата кои ги предизвикуваат лековите и дрогите ја надминуваат секоја корист која би можеле да ја имате од нив .

Ако некогаш ви паднал на памет некој од претходните начини, брзо заборавете го. За здраво да ја намалите тежината одберете режим на исхрана и вежби кои одговараат на вашиот животен стил. Ако имате прашања или сте загрижени дека не ги губите килограмите доволно брзо консултурајте се со нутриционист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag