Актерката Мила Кунис зрачеше додека го бакнуваше и гушкаше актерот Фин Витрок за време на прошетка низ улиците на Њујорк минатата недела.
Не, таа не го изневери ниту се разведе од својот сопруг, актерот Ештон Качер, туку сними само филм со колега. Мила и Фин се ѕвездите на новиот филм „Luckiest Girl Alive“, кој е базиран на романот на Џесика Нол, и ја носи приказната за Ана Фанела, која изгледа дека има се – одлична работа и вереник со кого планира свадба.
Но, кога ќе ја контактира режисер кој снима документарен филм за настан што се случил кога била тинејџерка, таа мора да се соочи со темни тајни што би можеле да го уништат нејзиниот совршен живот. Филмската верзија на оваа приказна е во режија на Мајк Баркер, а во неа ќе играат и Кони Бритон и Џенифер Билс.
Инаку, 38-годишната актерка е среќно мажена за колегата Ештон Качер со кого ги има шестгодишната ќерка Вајат Изабел и четиригодишниот син Димитри Портвуд. Витрок (36) ужива и во семејниот живот – тој е во брак со Сара Робертс од 2014 година, со која се запозна додека студираше, а нивниот син Џуд се роди пред две години.