Есента штотуку пристигна, што значи дека е идеално време за промена на бојата на косата. Судејќи според актуелните трендови, боите на медот, карамелата, чоколадото и циметот се апсолутен хит оваа сезона.
Впечаток за поголем обем на коса даваат нишки од нежни нијанси, а најпопуларните бои се медот и карамелата. Овие бои одговараат на секоја форма на лице, но и фризури со шишки и без. Ако сакате да ги нагласите контурите на лицето и очите, извлечете прамени со боја на мед, а за подобра динамика на косата, најдобра боја е карамелата.
Прамени во боја на мед
Прамените со боја на мед се исклучително популарни со години, пред се поради ефектот што го даваат на косата. Со нишки во боја на мед, косата изгледа многу помека, понежна и повеќе женствена. Луѓето со потемен тен и кафеава коса можат да изберат која нијанса на боја ја сакаат, а изборот е навистина голем.
Доколку сте уморни од фризурата, прамените се идеално решение, бидејќи на тој начин ќе ја освежите косата и ќе и го вратите сјајот.
Карамел прамени
Карамел бојата на косата има толку многу различни варијанти што навистина не е лесно да се избере една. Оваа боја на коса е идеална за малку постудени денови, а се карактеризира со мешавина од луксузни нишки од посветли и потемни нијанси, кои предизвикуваат појава на контраст, што и дава волумен на косата.
Идеално решение за сите оние кои немаат премногу храброст, а сепак сакаат одредена модификација на изгледот. Без разлика дали сте бринета или русокоса, златната карамела боја идеално комбинира плава и кафеава боја и воведува суптилна промена која на крајот изгледа спектакуларно.