Копривата е диво растение за јадење. Лековити делови на растението се листот, коренот и семето од коприва. Цветовите и лисјата се покриени со журки, затоа е неопходно да се користат ракавици при берење.
Содржи голема количина железо, и е еден од најдобрите природни лекови против анемија. Покрај железните минерали, богат е и со витамини Ц, К, минерали магнезиум, калциум, фосфор … Содржи и хлорофил, танини, слуз, каротеноиди.
Копривата е најпозната како природен лек за анемија. Има корисен ефект врз стабилизацијата на шеќерот во крвта, а благодарение на диуретичниот ефект го регулира и крвниот притисок. Го забрзува варењето и излачувањето на токсините од телото.
Во народната медицина, копривата има многу широка употреба: се користи за лекување на ревматски заболувања и гихт, заболување на црниот дроб, слезина, болки во стомакот, акни и егзема, губење на косата, варење, за да се запре крварењето, главоболки, несоница и нервоза …