Супермоделот Карли Клос одлучи со својот сопруг Џошуа Кушнер да се преселат во Њујорк, поточно Менхетен, каде што купија нов, луксузен пентхаус кој не остава без текст.
Иако неговата почетна цена беше нешто повеќе од 42,5 милиони долари, славниот пар успеа да го добие по малку пониска цена бидејќи оваа зграда припаѓа на семејството Кушнер.
Тоа е историската зграда „Puck“, која е во сопственост на семејството три децении, а продажбата на недвижен имот ја водеше братот на Џош, Џаред, сегашниот сопруг на Иванка Трамп.
Со својот сопруг и наследник, Карли ќе ужива во бајковита куќа која има повеќе од 7.000 метри квадратни, пет спални соби, седум бањи, библиотека, теретана, приватни тераси, салони и бањи.
Славниот пар пред седум месеци доби син, а сега конечно ќе изградат семејна среќа во домот од соништата.