За крај на летната сезона: И кога нема многу сонце, Лила „свети“ (фото)

popara6 септември, 202110min0
лила

Иако календарски до летото има уште некој ден, летните одмори се уште траат. Па така, некои наместо во јуни, јули или август, летниот одмор го користат во септември, кога ќе се растерети гужвата.

Нашата добро позната водителка на „Се или нешто“, знае како да ужива. Па така ако не е во својот дом во Скопје, тогаш е во Охрид, Турција, Грција…

Лила освен тоа што е активна на ТВ екраните, таа е активна на социјалните мрежи, па нејзините профили се препловени со фотографии. Таа не само како водителка, туку и како инфлуенсерка рекламира одредени производи или пак ги информира своите следбеници за нејзините патувања.

Така беше и овој пат, кога на социјалните мрежи сподели фотки од нејзиното летно патување во Грција.

Имено, Лила на својот „Инстаграм“ прво објави неколку фотографии на кои позира во розово бикини покрај базен истакнувајќи ја нејзината фигура….

На другата пак објава, Лила позира на море покрај плажа, па покажа од се по нешто. Ем покажа како ужива и свети иако нема сонце, ја покажа својата одлична фигура, од бикинито ѕиркаат нејзините бујни гради и витки нозе, а и во ова издание стигна да го излакамира и својот накит.

Средена, стокмена, разголена и со накит на плажа, Лила свети повеќе од сонцето.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma