Додека позираа пред објективот, Оскар се сврте кон раката на актерката и направи заводлив гест кој ги воодушеви сите.
Актерот Оскар Ајзак направи сензација на црвениот тепих на 78. Филмски фестивал во Венеција, што стана главна тема на социјалните мрежи. Тој позираше пред камерите и фоторепортерите со својата колешка Џесика Честејн.
Неверојатната сцена која ги преплави социјалните мрежи се случува кога таа ќе ја префрли раката над него, а во тој момент тој се свртува кон нејзиниот бицепс и почнува да му се восхитува и да го бакнува. Оваа сцена изгледаше многу заводливо бидејќи тие двајца изгледаа многу вљубено и на сите им пренесоа таква атмосфера, сепак сето тоа беше само шега.