Талентираната актерка и пејачка Селена Гомез привлекува внимание каде и да се појави, а со своите модни избори докажува дека е девојка со префинет вкус.
Иако Селена во изминатите месеци се здебели неколку килограми повеќе, тоа не ја спречува да блесне во шик комбинации на облека, па на снимањето на забавно шоу се појави во црн стајлинг составен од кожено здолниште од модната марка „Версаче “и маичка со длабоко деколте.
Од додатоците, Гомез носеше торба во нане боја, а црните сандали со потпетици беа полн погодок.
Селена наскоро пред публиката ќе ја претстави новата серија наречена „Only Murders in the Building“, каде што игра една од главните улоги.