Иако во нејзиниот љубовен живот не цветаат рози, Ким Кардашијан ужива со своето семејство, а наскоро ќе стане тетка бидејќи нејзината најмлада сестра Кајли очекува уште едно дете.
Реалити sвездата едвај чекаше нејзината мајка Крис Џенер да се врати од романтичното патување од Италија, за традиционално да оди на вечери во престижните ресторани во Малибу.
Папараците ја уловија пред хотелот „Нобу“ во друштво на Крис и нејзиниот избраник Кори Гемл како излегува од луксузен автомобил, а Ким ја изненади публиката со ексцентричен стајлинг кој беше поврзан со снимање на акционен филм.
Црн костим со долги ракави, салонки, шамија со шлеп и очила за сонце беа многу забележливи, а јавноста на Кардашијан постојано е заинтригирана од новите, необични трендови.
Како ви се допаѓа нејзиниот септемвриски моден избор?