Дека информацијата е точна, потврди нејзиниот претставник за печатот
Џенифер Лоренс е бремена, пренесуваат странските медиуми.
Ова ќе биде прво дете на актерката најпозната по улогата во филмската серија „Игри на гладот“ и нејзиниот сопруг Кук Марони. Веста за странските медиуми ја потврди претставничката за јавност на актерката.
Џенифер и Кук се венчаа пред две години во Род Ајленд по тригодишна врска. Свадбата се одржа во луксузна вила, и до самиот ден на венчавката, се беше чувано во голема тајност. На церемонијата меѓу другите присуствуваа Адел, Ејми Шамер, Крис Џенер и Ема Стоун.
Кук е сопственик на уметничка галерија сместена на Горната Источна страна во Њујорк, и тој ретко се појавува на социјални настани.