Ирина Шајк повторно прошета низ Њујорк, а се појави во издание во кое никогаш порано сме немале можност да ја видиме.
Една од најпопуларните модели и најубавите жени на светот, Ирина Шајк, има многу турбулентен период зад себе! По врската и раскинувањето со Канје Вест (пред официјално да се разведе од Ким Кардашијан), средбата со поранешното момче Вит Шнабел и прегратката со актерот Џејсон Судеикис, Ирина замина на одмор!
Од неа немаше ни трага ни глас со денови, што е логично, бидејќи папараците не и даваат многу мир на улиците во Њујорк, па затоа секој нејзин чекор, без разлика дали е сама или со ќерката Леа, е фотографиран и проследен. Пред два дена, таа беше фотографирана на аеродромот ЏФК во Њујорк, а нејзиното прво појавување во јавност по одморот беше пропратено со одличен стил – и одлична трансформација!
Убавата Русинка одлучи целосно да ја промени фризурата за забавата на „Булгари“ во Њујорк и да покаже како изгледа со многу пократка коса!
Ирина пристигна со супер-трендовски лежерен боб со шишки, но не е јасно дали се потстрижала или се работи за перика. Таа, исто така, имаше атрактивен стајлинг, усогласен со преголеми сиви панталони „Атико“ и светло портокалова маичка што го нагласува деколтето и е потпишана од „LaQuan Smith SS21 RTW“.
Иако несомнено е една од најубавите во светот, на многумина не им се допадна нејзината нова фризура.
„Што е ова, нека си ја врати долгата коса“, „Ирина е убава, но нејзината долга коса изгледа подобро“, „Се надевам дека ова е само перика“, „Ја сакам без разлика каква фризура има“, гласат некои од коментарите.