Модерна прави нова вакцина: Целта ѝ е да штити и од корона, и од грип

popara10 септември, 20211min0
vakcina-korona-virus-3-830x0

Фармацевтската компанија Модерна објави денеска дека развива нова вакцина против ковид во една доза, која комбинира засилувачка доза со експериментална вакцина против грип.

  • Веруваме дека имаме голема можност пред нас, доколку би можеле да ставиме на пазарот високо ефективна, општа годишна вакцина против респираторни болести – изјави извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел, пренесе Ројтерс.

Компанијата веќе спроведува клинички испитувања на вакцини против респираторни заболувања за возрасни.

Модерна веќе развива неколку вакцини против вирусот, се додава.