За 15 минути спремете превкусно јадење: Тестенини со домати и туна се највкусниот рецепт што ќе го пробате

popara11 септември, 20211min0
327568_shutterstock-121811314_ff

Подгответе интегрални тестенини со туна за две лица кои ќе уживаат во вкусовите на ова едноставно јадење што се подготвува за момент.

Состојки:

200 гр интегрални тестенини
конзервирана туна
2 чешниња лук
лук во прав
зачин
сос од домати
масло
сол

Подготовка:

  • Ставете ги макароните во тенџере со врела вода да се сварат до соодветна мекост. После тоа, процедете ги тестенините и посипете ги со масло. Потоа вратете ги на оган во истата тава, а потоа додадете сос од домати. Кога сосот малку ќе испари, додадете го исечканиот лук, како и малку лук во прав, потоа додадете ја туната заедно со маслото во неа, по што произволно ќе ги посипете со зачинот врз состојките. Мешајте додека храната не стане густа. Пријатно!