Познатата актерка и икона на уличниот стил шокираше со фустанот што го избра на последниот јавен настап.
Кејти Холмс важи за една од најдобро стилизираните актерки во светот, особено кога станува збор за лежерни комбинации. Тоа е инспирација за секојдневната облека, а на последното појавување, односно настан на кој присуствуваше во нејзиниот роден град Њујорк, sвездата и поранешна сопруга на Том Круз облече интересен фустан кој повеќе открива отколку што покрива поради своите изрези.
Дали овој храбар потег беше став што таа сакаше јавно да го изрази или грешка, останува на нас да одлучиме. Имено, актерката отворено го покажа стомакот полн со стрии.
Како ви се допаѓа ова издание на убавата актерка?