Игор Џамбазов го нема, го нема, а сепак, насекаде го има… И кога го нема, најприсутен е тогаш, зашто одненадеж однекаде ќе „изникне“, за нешто да каже, да направи, обзнани,… и пак ќе исчезне некаде во длабочината, во внатрешноста на оваа наша држава, милата ни Македонија.
Така, Џамбаз деновиве дотрча од југот во македонската престолнина за да присуствува на Саемот на книгата кој се одржува од 08 до 14-ти септември. Таму Игорче понеделнички, на претпоследниот саемски ден ги потпишуваше своите книги, издадени последниве години.
„Саем на книгата, 13ти септември, 18 часот, на штандот на @knizarnica_tri, ќе ги потпишувам моите книги. Повелете да се дружиме… на дистанца.
Подобро да издадеш книга, отколку државата. Подобро да потпишуваш книги, отколку лоши договори…“ – напиша Игор на Инстаграм канејќи ги читателите да дојда на заедничко дружење, како вовед во запознавањето со четивото на авторот.
Тие го послуша, па му возвратија со доволно масовно присуство и веројатно уште подобар „пазар“. И за авторот и за издавачот. Впрочем, не попусто Џамбазов тврди дека е подобро да си писател отколку политичар. Можеби е заработката многу помала, ама затоа задоволството далеку поголемо. А и Шутка и Идризово… никогаш не ти висат над глава!
Затоа е подобро да издадеш сопствена книга, отколку сопствената држава, ама за жал кај нас далеку е помал бројот на талентирани за пишување, отколку за пикње раце до лакти во државна каса!
А кога сме веќе кај државатаи договорите, уште следниот ден Џамбаз посети на „златните времиња“… Негови и на државата Македонија. Почетокот и средината на 90-ите или првите десеттина години од независноста, кога на народот и државата „се’ уште и цветаа рози“. До душа, малку подоцна се покажа дека биле пред свенување, ама сеедно… Тогаш се живееше подобро, послободно, подостоинствено и побогато… Со еден збор многу понормално, а „секирата во медот“ им беше падната на многумина, па и нему… на Џамбазов.
Златната ера на „Супер бинго“, со продажба од над 300-350.000 ливчиња седмично, а добро упатените велат Игор имаше од секое ливче по еден денар. Наводно таков му бил договорот со тогашните газди од „Тутун промет“ кои го „стопанисуваа“ бингото.
Вистина или не – никогаш не беше потврдено… Ниту пак демантирано, од никого! Останаа само спомените на „златните времиња“… Негови, на телевизијата, на државата… Македонија!
Преземено од vistina.com.mk