Вели дека српската пејачка ја копира.
Никита Драгун, највлијателната транс -инфлуенсерка и „прва“ транс поп -музичка sвезда, денес го објави својот провокативен и експлицитен спот и песна на својот профил на Инстаграм.
Иако на нашите простори не е многу позната, може да биде интересно што во еден дел од песната вели „Јас прва го носев ова“ и прикажува своја фотографија во фустан со светки, а потоа и фотографии од девојките кои наводно ја копирале. Меѓу тие девојки е и српската пејачка, Јелена Карлеуша.
За да биде работата уште попровокативна, таа напиша „dick“ на главата на Јелена, односно машкиот полов орган.
Сеуште не знаеме дали српската sвезда ќе се огласи по ова прашање. Некои од обожавателите на Карлеуша сметаат дека е погрешно оваа пејачка да ја навредува особено затоа што Јелена е позната како голем поборник за ЛГБТ правата.