Отстранете ги досадните МОЗОЛЧИЊА на природен начин! Еве што ви треба!

16 септември, 2021
Screenshot 2021-09-16 165408

Секој барем еднаш го доживеал следното сценарио. Ве чека важен деловен состанок, средба или настан (како свадба) и се будите со огромно мозолче на лицето. Ниту пудра, ниту коректор не помагаат. Не паничете, еве што можете да направите.

Како да се ослободите од мозолчињата преку ноќ

Покрај препаратите специјално формулирани за решавање на овој проблем, можете да пробате и домашни лекови за отстранување на мозолчиња.

Иситнете еден аспирин и додадете малку вода за да направите паста. Нанесете ја на мозолчето и оставете преку ноќ.

Пастата за заби има сличен ефект.

Топлите облоги го ублажуваат црвенилото и отокот предизвикани од мозолчиња.

И на крај, иако генерално не се препорачува, исто така можете да го истиснете мозолчето. Прво, дезинфицирајте го мозолчето и кожата околу него. Со чисти ракавици притиснете го мозолчето и кога ќе излезе целата содржина, повторно дезинфицирајте ја кожата.

Како да спречите појава на мозолчиња?

Редовно чистете го лицето со тоник и користете хидратантни креми.

Отстранете ја шминката веднаш штом ќе се вратите дома.

Наместо да се миете со вода, направете го тоа со млак чај од камилица. Камилицата го ублажува црвенилото.

Пијте многу вода и избегнувајте храна што влијае на појавата на мозолчиња (слатки, шеќер, сол, зачинета храна…).

И на крај, ако имате проблем со акни, консултирајте се со специјалист. Дерматологот дефинитивно ќе го дизајнира најдобриот план за лекување за вас!

escort - Korsan taksi