КОЛКУ НАВИСТИНА СЕ ЗДРАВИ КИКИРИКИТЕ? Ова се случува со телото доколку секој ден јадете кикирики

popara17 септември, 20212min0
36580_peanut-624601-1920_iff

Кикириките се меѓу омилените закуски и се веројатно најполарните мешунки што ги јадеме солени, несолени, печени, а често е и состојка во колачи и солени јадења. Тука е и неизбежниот путер од кикирики, во кој уживаат многумина.

Истражувачите откриле дека секојдневното консумирање кикирики може да помогне во здравјето на срцето.

Кикирики и срце

Научните индикации укажуваат, но не докажуваат, дека консумирањето 40 грама јаткасти плодови, вклучително и кикирики, како дел од исхраната со малку заситени масти и холестерол, може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Ако јадете кикирики секој ден, ќе добиете протеини, витамини, минерали и многу повеќе!

Кикириките имаат повеќе протеини од кој било друг јаткаст плод (7 g на оброк), содржат повеќе од 30 основни витамини и минерали и се добар извор на влакна и масти. Иако кикириките не припаѓаат во групата на јаткасти плодови, тие најчесто се споредуваат со храната од оваа група.

Витамини и минерали:

Витамин Е: Витаминот Е е антиоксиданс во исхраната кој ги штити клетките од оксидативен стрес, нормален, но штетен, физиолошки процес.

Магнезиум: Магнезиумот е важен за мускулната функција, вклучително и срцето, ензимската функција и производството на енергија.

Фолат: Фолат е потребен за клеточна поделба, што значи дека правилниот внес на фолати е особено важен за време на бременоста и за време на адолесценцијата кога децата растат брзо.

Бакар: Бакарот е неопходен за формирање на црвени крвни клетки и за здрави крвни садови, нерви, имунолошки систем и коски.

Фосфор: Фосфорот е важен за формирање на забите и коските, раст на клетките и мускулна функција. Исто така, му помага на телото да ги претвори витамините во клеточна енергија.

Влакна: Растителните влакна ја заситуваат исхраната и влијаат на чувството на глад, односно го продолжуваат чувството на ситост на една личност. Помагаат и при варењето.

Кикириките се исто така одличен извор на:

Ниацин: Ниацинот е важен витамин Б кој помага во претворање на храната во енергија, му помага на дигестивниот и нервниот систем и има позитивен ефект врз кожата.

Манган: Важен е за обработка на холестерол и хранливи материи како што се јаглехидратите и протеините.

Значи, дали е безбедно да се јаде кикирики секој ден? Краткиот одговор е да. Јадењето кикирики секојдневно може да има големи здравствени придобивки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma