Сексолог и терапевт за парови ја открива тајната на паровите кои имаат одличен сексуален живот.
Повеќето парови порано или подоцна паѓаат во рутина, а терапевтот за парови и сексолог Аисаја Мекими открива дека тајната на паровите кои имаат одличен сексуален живот и по фазата на меден месец е во работите што ги прават секој ден – а немаат никаква врска со спалната соба.
Си кажуваат „те сакам“
Звучи едноставно, но често се заборава кога ќе ве притиснат секојдневните обврски. Изразувањето љубов и покажувањето на партнерот дека цените сѐ што прави за вас, може да направи голема разлика во вашата врска и интимност.
Се бакнуваат без причина
Кога страста во врската ќе исчезне, двојките имаат сѐ помалку физички контакти и се бакнуваат сѐ помалку.
Страсните бакнежи, кои траат најмалку шест секунди, ослободуваат неврохемикалии кои помагаат да се чувствувате блиски и поврзани со вашиот партнер.
Интимноста е приоритет
Добар чин на љубов не се случува сам по себе. Паровите кои имаат одличен сексуален живот ја ставаат интимноста како приоритет, што значи дека прифаќаат дека сексот е важен дел од врската и издвојуваат време за тоа, наместо да чекаат да се случи самостојно.
Тоа им помага на некои парови да одредат време за „состанок во спалната соба“, кога знаат дека нема да бидат премногу уморни.
Се галат
Неврохемикалиите што се ослободуваат при бакнување со партнерот се ослободуваат и за време на гушкање. Размената на допир ви помага да се чувствувате поблиску, повеќе поврзани со партнерот, а тие исто така можат да ја зголемат сексуалната желба и да ве поттикнат да уживате почесто во сексот.