Ќерката на славниот Џони Деп и Ванеса Паради ги засени присутните на црвениот тепих.
Француско-американската актерка и модел Лили-Роуз Деп пленеше со својот изглед на фестивалот во Торонто на премиерата на филмот „Волк“.
Лили-Роуз има само 22 години, а веќе има репутација на модна икона и е заштитно лице на познат моден бренд.
За оваа пригода, младата Лили носеше женствен, развеан фустан кој наликува на ноќница со прерамки, чипка и два слоја здолниште.
Стајлингот го заокружи со црни салонки, додека имаше опуштена фризура, но впечатлива розова машна во косата.