КАКО ДА РАЗЛИКУВАТЕ ОРИГИНАЛ ОД КОПИЈА ПАРФЕМ: Плагијатот го издаваат овие 5 „ситници“

popara20 септември, 20211min0
Screenshot 2021-09-20 201114

За производство на копии може да се користат штетни состојки, нискоквалитетен алкохол, лесно испарливи хемикалии, вода со слаб квалитет, алуминиум, арсен, антифриз.

Главно не можеме да бидеме сигурни што точно има во шишињата со парфеми, бидејќи копиите се одлични и мирисаат слично на оригиналите.

За производство на копии може да се користат штетни состојки, нискоквалитетен алкохол, лесно испарливи хемикалии, вода со слаб квалитет, алуминиум, арсен, антифриз. Како последица на употребата, може да се појават разни проблеми со кожата, како што се акни, осип, инфекции на очите, алергии.

Ако внимателно го погледнеме пакувањето на многу парфеми, можеме да видиме дали е копија.

Пакување

Повеќето од оригиналите имаат целофан и кутија во која се наоѓа парфемот. Целофанот треба целосно да биде затегнат околу кутијата. Точното име на парфемот, името на компанијата и листата на состојки мора да бидат напишани на кутијата, а исто така на дното на кутијата треба да се наоѓа и бар код.

Шишенце

Ако шишенцето има видливи недостатоци, пукнатини и гребнатини, можеби би помислиле дека станува збор за лажен парфем. Исто така, треба да ги има истите информации како на пакувањето, името на брендот, името на мирисот и сериските броеви.

Капаче

Проверете го изгледот на капачето или чепот од шишето, дали е правилно, дали има украси и како се направени? На лажните парфеми, на тапите не им се посветува многу внимание.

Парфемска течност

Оригиналната течност за парфеми треба да биде кристално чиста

Цевката од спрејот

Кај нов парфем, цевката низ која треба да помине парфемот е празна. Неопходно е да го притиснете спрејот двапати, со цел да ја наполните цевката и да прснете од парфемот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma