
Белите патики се неизбежен дел од секоја комбинација на облека, сепак, најголемиот проблем настанува кога ќе се извалкаат.
Иако м е тешко да се врати нивната белина, никогаш не смеете да ги миете во машина за перење. Еве неколку начини како да ги измиете.
Помош од кујната
Оцетот е магичен отстранувач на дамки. Натопете крпа во него и нежно избришете ги патиките. Можете да измешате оцет, вода и лажичка сода бикарбона за да ја направите смесата погуста. Натопете стара четка за заби во оваа смеса и добро истријте ги патиките.

Бел лак за нокти
Оштетените делови на патиките, гребнатини и мали набори може најбрзо да се санираат со бел лак. Ова ќе ја скрие штетата за секунда и ќе го освежи нивниот изглед.
Шампон и топла вода
Ако случајно сте стапнале во масло од автомобилот или истуриле некоја друга мрсна течност на вашите патики, лесно ќе го решите проблемот со шампон и топла вода. Тријте ја дамката со стара четка за заби и патиките ќе бидат како нови.