Меган Маркл за прв пат во јавност по породувањето (ФОТО)

popara24 септември, 20212min0
mehan-markl-i-princ-hari-13-830x0

Нејзината шминка беше дискретна, а косата ја врза во ниско коњско опавче

Принцот Хари (37) и Меган Маркл (40) ја започнаа својата тридневна посета на Њу Јорк и Светскиот трговски центар, а ова е нивно прво официјално појавување откако го напуштија кралското семејство и се преселија во Калифорнија во 2020 година.

Облечени во црно, тие изразија сочувство до жртвите што загинаа во терористичкиот напад на кулите близначки на 11 септември 2001 година, како и на нивните семејства и пријатели кои ги загубија своите најблиски.

Меган носеше елегантни долги панталони, долчевита и долг капут што одговараше на високите потпетици, заедно со женствени бисерни обетки и златен часовник. Нејзината шминка беше дискретна, а косата ја врза во ниско коњско опавче. Сѐ изгледаше многу ефектно, моќно и шик, според коментарите на модните експерти.

Хари носеше црн костум, бела кошула и вратоврска, како што доликува на ваков настан.

Како и обично, Меган и принцот цело време се држеа за раце, а Хари им мавташе на фановите кои го викаа по име. Тие се сретнаа со бројни политички фигури од градот Њу Јорк.

Погледнете го првото појавување на Меган Маркл со Хари во галеријата:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma