Во ново интервју за медиумите, Ријана наведува дека „експериментира“ со својот нов, деветти студиски албум.
Таа тврди дека нејзината нова музика ќе звучи сосема поинаку од сѐ што издала досега.
– Не можете ни да замислите како ќе звучи мојот нов албум – изјави Ријана за насобраните медиуми за време на снимањето на модната ревија „Savage X Fenty“, чија премиера ќе биде овој петок на Амазон.
Поминаа точно пет години откако го објави својот последен студиски албум „Anti“, кој ги вклучува хитовите како „Work“, „Love on the Brain“ и „Needed“. Таа вели дека официјално започнала да работи на албумот од 2020 година.
– Сѐ што досега слушнавте од мене, нема да биде на албумот. Музиката е како мода, и треба да експериментирате со неа. Можам да носам што сакам, и така се чувствувам кога станува збор за музиката – рече пејачката.
Сѐ уште не го потврди официјалниот датум на објавување на новиот студиски албум.