Започнувањето на денот со овој пијалок е многу здрава навика. Променливото време кое е карактеристично за есенската сезона е погодно за развој на разни вируси и бактерии. Покрај тоа, она што е карактеристично за есенските денови се алергиите.
Советите кои ги даваат бројни експерти кога станува збор за оваа сезона е да пиете чаша моќен и славен ајурведски чај направен од лимон и ѓумбир.
Со силни вкусови кои ја будат нашата енергија, овој пијалок силно ја енергизира и ја стимулира циркулацијата. Лимонот во него има извонреден ефект врз стимулацијата на плунковните жлезди и врз работата и здравјето на нашите црева.
Чајот од ѓумбир и лимон го стимулира варењето, ги отстранува токсините од телото, го враќа апетитот, ја намалува подуеноста, помага при алергии, ја стимулира циркулацијата, го зајакнува имунитетот и ја враќа рамнотежата во телото…
Изрендајте поголемо парче ѓумбир и со прстите исцедете го сокот во чаша за чај (околу 1 лажичка исцеден сок). Истурете топла вода врз сокот од ѓумбир и оставете да стои 2-3 минути, а потоа исцедете го сокот од половина лимон. Додадете лажичка мед, промешајте и пијте полека, во мали голтки.
Ако страдате од алергиски проблеми, опструкција на дишните патишта, секрети во носот/синусите… тогаш применете ја следнава постапка: Исечете го или изрендајте го ѓумбирот во тенџере со вода, исцедете го лимонот и се заедно добро сварете и оставете да отстои покриен 5 минути. Засладете со мед и пијте полека.