Како и секој пат досега, Ријана успеа повторно да се надмине себеси. Третото спектакуларно шоу за долна облека со нејзиниот потпис беше снимено однапред и е достапно на стриминг услугата Amazon Prime. И со оваа линија, Ријана ја продолжува традицијата на инклузивност и славење на разновидноста на човечките тела, што ги воодушевува фановите ширум светот.
Покрај славните манекенки кои го носеа шоуто, шоуто на Ријана беше преплавено со армија од познати убавици како Ирина Шајк, Џиџи Хадид и Бехати Принсло, кои со своите секси и предизвикувачки изданија совршено го отелотворуваа значењето на брендот на Ријана!
Погледнете ги заводливите изданија од модната ревија на Savage X Fenty во нашата фотогалерија!