Принцот Хари и Меган Маркл пристигнаа во Њујорк и за прв пат од раѓањето на нивната ќерка Лилибет, одлучија да ги продолжат промоциите и хуманитарната работа, која ја започнаа кога го напуштија кралскиот двор и сите должности.
Славниот пар одлучи да им се придружи на најголемите sвезди во Њујорк на настан организиран за промовирање на вакцинација против корона вирусот. Покрај Меган и принцот Хари ќе учествуваат Елтон Џон, Били Ајлиш, Џенифер Лопез и многу други. Настанот ќе трае цели 24 часа.
Меган заедно со нејзиниот сопруг Хари ја промовираше својата книга за деца наречена „Клупа“ во училиште во Харлем.
За оваа пригода, поранешната војвотка од Сасекс носеше интересен комплет во црвена боја. Носеше и црвени стилето чевли. Косата и беше пуштена, а црните очила само го подигнаа целиот стајлинг.
Како ви се допаѓа ова издание на Меган Маркл?