Фатени во љубовен занос: Фотографијата на Џенифер Лопез и Бен Афлек говори ПОВЕЌЕ ОД ЗБОРОВИ (ФОТО)

popara29 септември, 20211min0
Untitled-3-2

Не ги тргаат рацете еден од друг

Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек неодамна ги изненадија своите обожаватели со фактот дека не се следат еден на друг на социјалните мрежи, како и фотографии на кои Бен беше видливо лошо расположен, а сега се фатени на улиците на Њу Јорк заедно.

Споменатите фотографии покажуваат дека тие двајца сѐ уште се заедно, како и дека не ја кријат својата љубов и дека е посилна од било кога.

Не можеа да ги тргнат рацете еден од друг и се бакнуваа цело време како тинејџери за време на прошетка во паркот, каде што беа фатени од папараците.

Двојката пристигна заедно во Њу Јорк, каде Џенифер настапи на концертот на Global Sitizen, каде зборуваше за својата љубов и колку е заљубена.

– Можеме да направиме сѐ со љубовта. Љубовта прави чуда, верувајте ми. Претпоставувам дека може да се каже дека мојот мозок е полн со љубов. Во последно време сѐ што имам на ум е љубовта, не знам што се случува – рече пејачката пред фановите.

Претходно овој месец, Џенифер и Бен првпат се појавија заедно на црвениот тепих по повеќе од 20 години, на Филмскиот фестивал во Венеција, и откако се смирија, парот не се разделува во ниту еден момент.

– Двајцата се лудо заљубени и овој пат не сакаат да се пуштат. Сериозно зборуваат и за венчавка – изјави неодамна близок извор за американските медиуми.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag