Нашите предци успеаја да ја поделат модата на полови, а денес таа е поделена на машка и женска и со тоа се оддалечува од секаков вид универзализација. На пр. здолништето е она што се врзува за жените, но сетете се какви одори носеа старите Грци.
Така, некогаш панталоните биле врзани исклучиво за мажи, па жените со многу напор успеале да ги натераат да ги носат и тие.
Така, во денешно време, трендот на украсување нокти за мажи се бори за своето место во светот на модата, и почесто е да се видат момци кои комбинираат лакирани нокти со нивната облека, одредени апликации на нив, итн. Дамијано Давид од Манескин е еден од оние што носи лакирани нокти со своите стајлинзи.
Што мислите за овој тренд?