Запишете го овој рецепт за највкусен доручек: Омлет со сланина и спанаќ за почеток на денот

popara4 октомври, 20211min0
328793_omlet-sa-slaninom-shutterstock-164490722_ff

За само неколку минути ќе подготвите омлет кој ќе ве држи сити долго време.

Состојки:

  • 3 јајца
  • вегета
  • сол
  • малку вода
  • половина лажичка брашно
  • спанаќ
  • 100 гр сецкана сланина
  • маслиново масло

Подготовкa:

Во сад добро изматете ги јајцата. Потоа додајте им малку вода, потоа малку сол и вегета, а потоа постепено додавајте половина лажичка брашно. Кога ќе го споите сето ова, во јајцата додадете сецкан спанаќ.

Ставете тава и малку маслиново масло на оган. После тоа, пржете ја сецканата сланина додека не остане сочна. Прелијте со јајцата. Кога едната страна ќе се испече, превртете ги и испржете ја другата до саканата состојба.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma