Невообичаено фино јадење, може да се служи како мезе, предјадење, појадок или вечера. За овој рецепт, изберете квалитетна фета, а кога ќе ја прелиете со мед, тоа ќе биде арија на вкус…
СОСТОЈКИ:
- 250 гр фета
- две јајца
- лажичка мелена пиперка
- лажичка мелен бибер
- 100 гр брашно
- 100 гр презла
- четири лажици мед
- половина чаша семе од сусам
ПОДГОТОВКА:
Исушете ја фетата со крпа, а потоа исечете ја на парчиња дебели два сантиметри. Во првиот сад изматете ги јајцата, во вториот ставете го брашното, а во третиот презлата измешана со сусам, бибер и мелена пиперка. Превртете ги парчињата сирење прво во брашно, потоа во јајца и на крај во презла. Ако сакате, повторете ја постапката уште еднаш. Пржете во врело масло додека не поруменат. Исцедете на салфетка и сервирајте.