Откако неодамна стана сопственичка на бутик за женска гардероба, Александра Накова е постојано активна на социјалните мрежи. Со доаѓањето на топлите денови и првите сончеви зраци, гевгелиската убавица не пропушти и прилика и прва да се разголи, отворајќи ја летната сезона во бикини дури и под облаци!
Кога летото „пукаше“ со сета своја сила, а летните горештини стануваа неподносливи, македонската убавица и модел немаше ден да не сподели фотографија од базен. Иако со оглед на локацијата на живеење и Грција и е на два чекора, Накова најчесто жешкиот ден го минуваше на отворениот базен во еден од најпознатите хотел-казина на македонско грчката граница.
А таму, своја на свој терен, Накова никогаш не пропушта да го овековечи својот телесен раскош со кој блеска во сиот свој сјај, комбинарајќи ја својата убавина со последната мода, било да е на суво или во вода.
Како сирена или пјејбој зајачица, Александра го одзема здивот и на околината и на оние што подоцна ќе го видат она, што го овековечил фотообјективот.
Така летово живееше воглавно преку ден, а навечер животот добива друга димензија… Ноќта е како создадена за забава, возбуда, размена на страсти, сладок грев… Па затоа Накова внимателно и темелно се подготвува за вечерните излегувања.
Шминка, фризура, високи потпетици, соодветна гардероба и секако, долга проверка пред огледалото дали се’ е на свое место.
Доволно атрактивна и максимално провокативна, гевгелиската убавица знае како треба да се дотера за провод, за кога ќе се појави на околината одново да и го крене притисокот… Впрочем, на ваков телесен раскош, дека гаќичките се вишок, уште од далеку се гледа? Или тоа само така изгледа?
Преземено од mkvesti.mk