Бритни Спирс им се обрати на фановите за прв пат откако беше потврдено дека повеќе не е под старателство на нејзиниот татко.
Бритни објави кратко видео на Твитер и додаде дека „нема зборови“.
“Ова се случи поради вас, моите обожаватели и вашата упорност да ме ослободите од старателството на татко ми. Синоќа плачев два часа затоа што вие сте најдобрите обожаватели на светот”, напиша накратко поп -пејачката.
Да потсетиме, Џејми Спирс имаше старателство над Бритни 13 години, што значеше контрола на голем број финансиски и приватни работи.
#FreeBritney movement … I have no words … because of you guys and your constant resilience in freeing me from my conservatorship … my life is now in that direction !!!!! I cried last night for two hours cause my fans are the best and I know it … pic.twitter.com/7OpsOKoHNc
— Britney Spears (@britneyspears) October 4, 2021