БРИТНИ СПИРС ОБЈАВИ МИСТЕРИОЗНА ФОТОГРАФИЈА: Плачам…Ја спасувам својата божествена сестра!

popara6 октомври, 20215min0
britni 2

Голготата околу старателството на Бритни Спирс е при крај, но има уште драма која останува неразрешена. Додека се чека официјално судски да се укине старателството кое нејзиниот татко Џејми 13 години го имаше над нејзе, пејачката објави чудни фотографии од својата двојничка, или „божествена сестра“, која таа ја спасува, a некои сметаат дека тоа навистина е нејзината помлада сестра Џејми Лин, пишува Индекс.

Имено, пејачката објави фотографија од две девојки, од кои едната лежи на душек, а другата лебди над неа.

„Оваа слика е сè! Плачам … Ја спасувам својата божествена женска сестра. Предлагам ако имате пријател кој е затворен во многу мала куќа четири месеци … Нема автомобил … Нема телефон. Нема врата за приватност и мора да работи околу 10 часа дневно, седум дена во неделата и да дава тони крв неделно без слободен ден … Ви предлагам да одите кај пријателот и заедно да ги испратите сите во пеколот“, напиша Бритни.

А потоа, за прв пат по долго време го спомена своето семејство:

„Ако сте како моето семејство кое ви кажува работи во стилот на „Извини, ти имаш старател … Тие веројатно мислат дека си различен и дека затоа можат да се з*ебавам со тебе! За среќа, најдов неверојатен адвокат кој ми го промени животот“, напиша пејачката на Инстаграм.

И фановите беа воодушевени од оваа објава, а многумина веруваат дека Бритни ѝ се обратила на својата „сестра“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma