Актерката прослави триесет години брилијантна кариера, а многумина ја заборавија нејзината дебитантска улога во филмот „Човек на месечината“, со која ги освои тогашните тинејџери ширум светот.
Оскаровката и една од најшармантните актерки во Холивуд, Рис Витерспун со децении го освојува срцето на публиката со својот необичен талент, инспиративни улоги, но и медиумски настапи во кои ја покажува вистинската суштина на нејзиниот живот и уметничката вредност.
Русокосата млада надеж се појави пред големиот екран на 14 -годишна возраст кога ја воодушеви публиката со широката насмевка, тинејџерската енергија и улогата во „Човекот на Месечината“ – во 1991 година, а ликот на Дени Трант се уште не го заборава токму поради необичната приказна која следи млада девојка и заводлив сосед.
Витерспун преку својот профил на Инстаграм сподели фотографија која датира од пред 30 години, кога зачекори во светот на професионалните актерски ангажмани, а публиката и порача дека воопшто не се променила.
Под објавата, Рис истакна дека е благодарна за сите предизвици со кои се соочувала во текот на годините, бидејќи токму така сфатила што значи да се биде посветен, одговорен и да се бори за извонреден успех.
Денес, актерката е горда мајка на две деца, и живее со своето семејство во Лос Анџелес, каде папараците често ја фотографираат.