Поранешната мисица и модел Кристи Бертарели стана најбогатата разведена жена во Велика Британија, а се верува дека нејзиното сегашно богатство е поголемо од богатството на британската кралица
Кристи Бертарели тајно се разведе од својот сопруг милијардер Ернесто Бертарели, со кого беше во брак 21 година.
Заедно, тие беа рангирани на 14 -то место на листата на Сандеј Тајмс за најбогати Британци оваа година, а нивното богатство тогаш беше проценето на 9,2 милијарди фунти. Тие не сакаа јавно да зборуваат за спогодбата по разводот, но „Daily Mail“ објави дека поранешната Мис на Велика Британија се согласила на 350 милиони фунти.
Покрај тоа, таа доби модерна куќа покрај Женевското Езеро во Швајцарија, купена оваа година за 52 милиони фунти. Поседува и кабина од осум милиони фунти во швајцарскиот скијачки центар Гштад.
– Одлуката беше заедничка, а разводот беше консензуален – нагласи медиумскиот претставник на парот. Се верува дека Кирсти потпишала предбрачен договор пред да се омажи за Италијанец во 2000 година. Тие заедно имаат три деца.
Парите што ги доби по разводот ја прават поранешната мисица најбогатата разведена жена родена во Британија во правната историја. Сега е побогата од Мик Џегер (310 милиони фунти), Ед Ширан (220 милиони фунти) и Адел (140 милиони фунти). Се верува дека е побогата од британската кралица, чие лично богатство се проценува на околу 365 милиони фунти.